Регистрирани 164 новозаболени од ковид-19 и 3 починати лица
Објавено на 4 август, 2021 во 14:51
Во последните 24 часа се направени 5.276 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на ковид-19. Најголем број заразени се во Тетово 60, потоа Скопје 34, Гостивак 21, во Куманово и Битола по осум новозаболени, Струмица, Кичево и Девар по пет, Штип и Кочани по четворица, во Прилеп и Струга тројца, Берово двајца, Охрид и Пехчево по еден.
Регистрирани сe 18 оздравени пациенти и пријавени се три починати лица две лица од Гостивар 68г и 86г и едно лице од Скопје 82г.
Досега во земјата се направени вкупно 994.490 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.707 бројката на оздравени пациенти е 150.440, на починати е 5.497, а бројот на активни случаи изнесува 770.