Синот на Ердоган под истрага во Италија за криумчарење пари

Објавено на 18 февруари, 2016 во 13:24

Обвинителството во Италија спроведува истрага против Билал Ердоган, синот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, по обвинение за криумчарење голема количина пари во Италија.

Информацијата денеска ја пренесоа светските агенции повикувајќи се на неименувани судски извори.

Истрагата против синот на Ердоган е покрената откако турскиот бизнисмен и политички противник на Ердоган кој се наоѓа во прогон, Мурат Хакан Узан побарал од италијанските власти да ја истражат наводната „операција за бегство“ од Турција у Италија.

Узан навел дека Билал слетал во Италија со голема количина пари и со тим вооружени телохранители на кои не им бил дозволен влез се додека не им биле доделени дипломатски пасоши, објавуваат италијанските медиуми.

Синот на Ердоган се преселил во Болоња во август минатата година откако ги завршил докторските студии, но антивладините партии го обвинија дека побегнал од Турција поради вмешаност во корупциски скандал.

35 годишниот Билал кој живее на северот на Италија со семејството изјавил дека само ги завршувал докторските студии за меѓународни односи во Школата за напредни меѓународни студии на Универзитеот Џон Хопкинс.

Извор: Новатв.мк

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.