Шок во Словенија: Мајка и нејзиниот љубовник до смрт ја претепале двегодишната ќерка
Во местото Јасеница на северот на Словенија, Санда Алибабиќ заедно со својот љубовник, Мирза Јакупи, до смрт ја претепала двегодишната ќерка Арина, оставајќи ја во шок целокупната словенечка јавност.
Обвинителството и полицијата отвориле истрага за овој страотен случај, кој ги ужаснал жителите на Јасеница. Алибабиќ и Јакупи биле приведени набрзо по злосторството.
За настанот се дознало минатата сабота, кога Санда Алибабиќ повикала Итна помош во Јасеница, за да пријави дека девојчето паднало врз радијаторот и се повредило.
Медицинските работници ја виделе ужасната фотографија од претепано дете, и безуспешно се обиделе да го одржат во живот. Од болницата во Јасеница со хеликоптер Арина итно била пренесена во Клиничкиот центар во Љубљана.
Таткото на Арина, Сенад Кардашевиќ, е во шок поради смртта на девојчето, а со мајката-монструм Санда Алибабиќ има четири ќерки. Санда го оставила во декември минатата година и започнала врска со Мирза Јакупи. Двете постари ќерки останале со својот татко, а двете помлади ги земала Санда.
Истрагата ќе покаже под кои околности било извршено злосторството над двегодишното дете.
Извор: Плусинфо.мк