Софија Манева го промовираше првиот албум „Тишина“
Објавено на 11 октомври, 2013 во 10:52
Софија Манева го промовираше првиот студиски албум насловен “Тишина”. Промоцијата се одржа во „Стрит бар“ во Кавадарци.
На материјалот има осум песни, кои, според најавите на Софија, се поразлични од она што досега го имаме слушнато од неа, односно се во поп-рок стил.
“Среќна сум што промоцијата на првиот албум ја правам во родното Кавадарци. Инаку, песните се снимени во моето студио и сум задоволна од крајниот производ”, рече Манева.