(ВИДЕО)Македонецот што го освои светот со својот дизајн, сними англиска песна!
Македонецот што го освои светот со својот дизајн, Огнен Трпески во студиото Сустаин Ентертејмент на Даниел Јовески сними песна на англиски јазик која го носи насловот „One love“.
„One love“ е авторско дело на Даниел Јовески кои се погрижи за музиката и аранжманот, додека текстот е на самиот Огнен Трпески – Оги. Видео записот е во амерички стил со едноставна приказна во која се остава да превладаат емоциите на Огнен. Песната веќе е дистрибуирана на повеќе од 1000 радиостаници низ Америка.
Огнен Трпески е првиот Македонец кој со свој дизајн победил на национален натпревар за дизајн во Америка. Дизајни со неговиот потпис има насекаде низ Америка, тој успеа да победи на најголемите натпревари и своите дела да ги пласира во најголемите трговски центри и маркети. Неговиот најголем успех во дизајнот е токму Кампањата против глад која се одржува на глобално ниво, а е организирана од најголемите маркети во Америка.
Во својата музичка кариера Огнен досега има снимено еден студиски албум на македонски јазик во кој има и дует со Андреј од ДНК. Неговата следна цел е да сними студиски албум на англиски јазик со цел својата музика да ја претстави пред светот.
{youtube}https://www.youtube.com/watch?v=yBh_Hd842nU{/youtube}