Србија лидер на Западен Балкан: Колку тони резерви на злато има Македонија?
Македонија е на второ место во однос на земјите од Западен Балкан во поглед на резерви на злато, покажуваат податоците на Светскиот борд за злато.
Нашата земја има 6,8 тони злато, следи Словенија со 3,7 тони, потоа Албанија со нешто повеќе од три тони, БиХ со 2,7 и Хрватска со два тона.
Лидер во регионот е Србија со 38,5 тони.
Црна Гора не е на таа листа, но Министерството за финансии на таа земја наведува дека резервите се 1,2 тони, кои ги добиле по распадот на Југославија, пренесува српски „Данас“.
САД имаат најголеми резерви на злато во светот со 8.133 тони. Втора е Германија со 3.355 тони, а трета и четврта се Италија и Франција со нешто помалку од 2.500 тони. Русија е петта со 2.298 тони, а Кина е шеста со 2.010 тони.
Интересно е што некои богати земји, како Канада и Норвешка, воопшто немаат злато во девизните резерви.
Најголем нето продавач минатата година беше централната банка на Казахстан, која продала 50,7 тони злато.
Од друга страна, Кина со години е еден од најголемите купувачи на злато. Минатата година била на второ место со 62,2 тони, а убедливо прва била централната банка на Турција која во 2022 година купи дури 147,6 тони злато.
Глобалната побарувачка за злато минатата година се зголемила за 18 отсто и изнесуваше 4.741 тони.
Дума.мк