Рибата ги држи луѓето активни
Редовното консумирање на риба ја одржува активноста кај луѓето, особено кај постарите, покажа новото истражување.
Истражувачите од Националниот институт за здравство и исхрана во Јапонија побарале од 1.000 луѓе да пополнат прашалник наменет за утврдување на нивната ментална и физичка состојба. Некои од прашањата биле со цел да се утврди како се толерира користењето на градски транспорт, плаќањето сметки и колку често ги посетуваат пријателите или даваат совет на некого. Се разбира, учесниците се прашани и со што најчесто се хранат.
Според резултатите од истражувањето, кај оние кои конзумирале најмногу животински протеини, е регистрирана многу помала веројатност да ослабат физички и психички седум години подоцна. Протеинот е клучот за изградба на потребната заштита против паѓање и фрактури. Рибата е најдобра храна, бидејќи состојките кои ги содржи се од особено значење за здравјето, ја одржуваат активноста, ублажуваат артритични болки и штитат од деменција. Истражувањето покажува дека највисокото количество протеини во организмот придонесува за одржување на функционалниот капацитет кај постарите луѓе.