Што претставуваше Аполо програмата?
Аполо (Apollo) претставува програма на НАСА која резултираше со тоа да Американските астронаути направат вкупни 11 вселенски летови и слетувања на Месечината.
Првите четири летови исклучиво ја тестираа опремата користена во Аполо Програмата. Шест од останатите седум слетаа на Месечината. Првиот Аполо лет беше во 1968г. Првото слетување на Месечината се случи 1969г. Последното слетување на Месечината беше во 1972г.
Вкупно 12 астронаути слетаа на Месечината. Астронаутите вршеа научни истражувања таму. Испитувана е месечевата површина. Собрани се примероци од карпи и донесени се на Земјата.
Какви вселенски летала се користени во Аполо програмата?
НАСА го дизајнираше Аполо командниот модул за Аполо програмата. Тоа беше капсула со капацитет за тројца астронаути. Астронаутите летаа во командниот модул до Месечината и назад на Земјата. Беше поголем одколку леталата користени во програмите Меркур и Гемини. Астрономите имаа доволно простор да се движат низ леталото. Делот за екипажот имаше простор колку просечен автомобил.
Уште едно летало, Лунарниот Модул, беше користен за слетување на Месечината. Ова летало ги носеше астронаутите од орбита околу Месечината, до нејзината површина, и пак назад во орбита. Можеше да носи двајца астронаути.
Два типа на рекети беа користени во Аполо програмата. Првите летови користеа Saturn I (1) B рекета. Висока колку 22 катница. Ова беше рекета со две фази. Тоа значи беше составена од два дела. Кога првиот дел ќе остане без гориво, се ослободува од остатокот, и согорува во земјената атмосфера. Вториот дел продолжува да лета. Saturn IB се користеше за да се тестира новата Аполо капсула во орбита околу Земјата.
Останатите летови ја користеа пософистицираната и поголема Saturn V (5) рекета. Оваа рекета со три фази, го однесе Аполо на Месечината. Беше висока колку 36 катница.
Кога луѓето првпат ја посетија Месечината?
Првата мисија на човек кон Месечината беше на Аполо 8. Кружеше околу месечината на Бадниковата вечер 1968г. Како и да е, Аполо 8 не слета на Месечината туку се врати на Земјата. Екипажот беше составен од Франк Борман, Бил Андерс и Џим Ловел.
Првото слетување на Месечината беше на 20 Јули 1969, со мисијата Аполо 11. Екипажот беше составен од Нил Армстронг, Мајкл Колинс и Баз Алдрин. Армстронг и Алдрин слетаа на површината, додека Колинс остана во орбита околу Месечината. Кога Нил Армстронг стана првиот човек кој бил на Месечината ја изговори фамозната реченица, “Ова е мал чекор за човекот, но огромен скок за човештвото”
Следните Аполо мисии имаа човечки екипаж:
Аполо 7, 11-22 Октомври 1968 тестирање на Командниот модул, екипаж: Шира, Ејсел, Кунигем
Аполо 8, 21-27 Декември 1968, прво орбитирање околу Месечината, екипаж: Борман, Ловел, Андерс
Аполо 9, 03-13 Март 1969 тестирање на Лунарниот модул, екипаж: Мекдивит, Скот, Швеикарт
Аполо 10, 18-26 Мај 1969 тестирање на Линарниот модул во орбита на Месечината, екипаж: Сернан, Јанг, Стафорд
Аполо 11, 16-24 Јули 1969, прво слетување на Месечиата, екипаж Армстронг, Алдрин, Колинс
Аполо 12, 14-24 Ноември 1969, слетување на Месечината, екипаж: Конрад, Бин, Гордон
Аполо 13, 11-17 Април 1970, планирано слетување но откажано поради дефект, екипаж Ловел, Свејгерт, Хајсе
Аполо 14, 31 Јануари – 09 Февруари 1971, слетување на Месечината, екипаж: Шеоард, Мичел, Руса
Аполо 15, 26 Јули – 07 Август 1971, слетување на Месечината, екипаж: Скот, Ирвин, Ворден
Аполо 16, 16-27 Април 1972, слетување на Месечината, екипаж: Јанг, Дук, Матингли
Аполо 17, 07-19 Декември 1972, слетување на Месечината, екипаж: Сернан, Шмит, Еванс
Аполо 13 е една од најпознатите Лунарни мисии. Според случувањата во летот, е направен и истоимениот филм Аполо 13. Аполо 13 требаше да слета на Месечината. На пат кон месечината, леталото се соочи со проблеми ставајќи ги на коцка животите на тројцата астронаути. НАСА мораше да изнајде начин како да го врати астронаутите безбедно на Земјата. Аполо 13, прелета околу Месечината пред конечното враќање дома. Покрај сите проблеми, сепак безбедно слета на Земјата.
Како астронаутите слетаа на Месечината?
Аполо леталата беа лансирани со помош на Saturn V рекета. Saturn V беа составени од три фази. Првите две фази го искористуваа нивното гориво до
достигнување на орбита околу Земјата. Третата фаза се користеше за туркање на Аполо командниот модул и лунарниот модул до орбита околу Месечината. По влегување во орбита околу Месечината, двата модула се одделуваа еден од друг. Двајца астронаути со Лунарниот модул слетуваа на Месечината. Третиот остануваше во орбита околу месечината заедно со Командниот модул.
На последните три мисии, астронаутите „се возеа“ по површината на Месечината со Линарен ровер. Лунарниот ровер е користен за пошироко истражување на површината на Месечината. Линарните ровери буквално беа здиплени во Лунарниот модул. Тие се оставени на Месечината.
Кога двајцата астронаути ќе завршеа со работа на површината, се враќаа во Лунарниот модул и се лансираа. Се враќаа во орбита на Месечината и се спојуваа со командниот модул. Двајцата астронаути се враќаа во Командниот модул. Го исфрлаа Лунарниот модул, кој подоцна се уриваше на површината на Месечината, додека Командниот модул заедно со астронаутите слетуваше во океан на Земјата.