Гламурозна фризура од домашната работилница!

Објавено на 5 јули, 2013 во 08:07

Се што ви треба за модерна фризура која ја носат познати девојки е малку трпение, фигаро, добра четка, неколку шноли и лак за коса.

1.Косата измијте ја и убаво исфенирајте за полесно да се манипулира а исправените влакна поубаво изгледаат и повеќе сјаат.

2.Откако ја исфениравте косата по желба испрскајте со некој препарат за кадрици или стилизирање и поделете ја со шноли или гумички за коса во неколку делови.

3. Тргнете одоздола кон нагоре. Секој прамен со рацете замотајте го околу фигарото,почекјате неколку секунди,па потоа пуштете го да падне кон доле. Полека со фигарото направете кадрици на целата глава.

4.Кога сите кадрици ќе бидат готови земете четка и благо исчеткајте ги кадриците за да добиете гламурозни холивудски бранови.

5. Ако сакате да ја тргнете од едната страна на лицето со шноли прицврстете ја косата под уво.

6.На оддалеченост од триесеттина сантиметри благо ишприцајте ја косата со лак и уживајте во својата нова фризура.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.