Изберете го спортот според крвната група
Аеробик и карате
Доколку имате нулта крвна група, Вие сте голем љубител на физичката активност, фитнес и вежби. Одлично знаете кои се Ваши животни цели, го сакате спортот, не пропуштате ниту еден тренинг. На базенот не го трошите времето за запознавање со другите пливачи бидејќи не сте дојдени за тоа. Доколку на организмот не му овозможите потребен физички напор ќе станете нерасположени, а можете и да се здебелите. Вие сте роден лидер – целта Ви е врвен резултат и сакате да победувате. За Вас идеални се тренинзи во група, аеробик, степ аеробик, вежби за обликување на телото, танец, боречки вештини.
Возење на велосипед и гимнастика
Ако во Вашите вени течи А крвна група, Ви одговара тимски спорт. Одлично соработувате со колегите, знаете да ги надминете тензиите и недоразбирањата. Вам не ви одговара да вежбате сами, па лесно ќе се пронајдете во физичката активност под лидерство на тренер. Вежбањето со колегите и пријателите посебно Ве инспирира и мотивира. Ви одговара јога, пливањето, гимнастика, брзо одење, возење велосипед, лизгање. Заборавете ги сите спортови кои бараат исцрпувачки тренинзи.
Јога и трчање
Луѓето со Б крвна група се големи индивидуалисти. Во спортот се однесувате исто како и во животот, онака како ќе Ви дојде на памет. Може да се случи во пресуден момент да не го реализирате тоа што требаше да го направите и да ги оставите другарите на цедило, или во спротивно да ја спасите ситуацијата тогаш кога на Вас не сметаат. Вам ви одговараат спортовите каде може да вежбате сами, но и во група. Идеално би било да ги комбинирате овие два вида на вежби. На пример во група да вежбате јога и да трчате сами.
Прошетки и скијање
АБ крвна група имаат мал број на луѓе, но тие луѓе се во главно смирени, а реакциите им се помалку забавени. Вам ви одговара спорт кој бара брзи рефлекси и брзо реагирање. Независно од тоа Вие многу се движите, водите грижа за да бидете во добра форма и ги сакате долгите прошетки. Не се ограничувајте само на фитнес центарот, бидејќи тоа брзо ќе ви досади. Ќе ви одговара и трчањето, енергични прошетки, возење на велосипед, лизгањето и скијањето. Можете да поднесете голем и интензивен напор, но за вас дефинитивно не е претерано заморување, туку умереност.