Индиски орев како диуретик
Со консумирањето на овој орев можете да го намалите кашлањето, да го намалите високиот крвен притисок и шеќерот во крвта. Ги чисти цревата, а делува и како афродизијак.
Нутриционистите истакнуваат дека индискиот орев има повеќе витамин Ц од портокалот и се препорачува да се додава во салатите од свеж зеленчук наместо масло.
Индискиот орев донесува многу придобивки на здравјето. Содржи пет пати повеќе витамин Ц отколку портокал, витамин Е, магнезиум, селен, калиум, белковини и влакна. Две третини од маснотиите во индискиот орев се незаситени масни киселини.
Индискиот орев, содржи калиум, па е идеален за личности кои имаат повишен крвен притисок. Поради високата содржина на селен и други антиоксиданси, го намалува ризикот од настанување на рак. Индиските оревчиња содржат цинк, кои го зајакнуваат имуниот систем и помагаат во војната против инфекции. Содржат високи количини на магнезиум, кој е неопходен за здравјето на срцето, мускулите и нервниот систем. Индискиот орев исто така го чува здравјето на забите (ги уништува бактериите кои предизвикуваат кариес).