Со пробиотици против сезонската алергија
Американски научници сметаат дека со употребата на пробиотици би можеле да се ублажат симптомите на алергија. Според нив тоа се однесува на алергискиот ринитис или познат како сезонска алергија. Исто така и јогуртот би можел да се покаже како корисен, но би требало да се пие во поголеми количини.
Научниците од универзитетот Вандербилт во Тенеси направиле сеопфатни анализи на резултати од 23 различни студии во кои учествувале 1.919 луѓе, но истакнуваат дека уште не можат да донесат конечен заклучок, бидејќи се потребни понатамошни истражувања.
– Детално ја истраживме целата медицинска литература за сите истражувања во кои се проучуваат ефектите на пробиотиците врз алергискиот ринитис. Од случај до случај постоеја многу варијации, но во повеќето истражувања забележано е здравствено подобрување кај личностите кои земале пробиотици, за разлика од оние кои земале плацебо, изјавил Џастин Тарнер, предводник на истражувањето.
Алергискиот ринитис погодува 10 до 30% од светската популација. Тарнер предупредува дека ова откритие не значи дека пробиотиците можат да ги заменат постојните лекови за лечење на алергиите
–