Здравствени проблеми со кои се сретнуваат мажите
Maжите за разлика од жените сакаат да одат многу помалку на лекар. Секогаш мислат дека проблемот сам ќе се надмине и дека не е потребен лекарски преглед.. Но не секогаш е така. Здравиот начин на живот, рутински посети на лекар и превентивни прегледи се најдобрите начини за да се заштити здравјето.
Во светот водечки причини за смрт кај мажите се:
Рак на дебелото црево и на ректумот – Ова е најчестиот внатрешен канцер и втората најчеста причина за смрт од рак, по рак на белите дробови.
Болести поврзани со срцето – По 45-тата година, ризикот од болести на срцето почнува нагло да се зголемува.
Рак на простатата – На глобално ниво, ова е главната причина за смрт кај мажите над 50-та година.
Несреќи – Исто така наречени ненамерни повреди.
Хронични болести на респираторниот систем – Група на болести која ги опфаќа белите дробови.
Мозочен удар – Контролирањето на високиот крвен притисок може да го намали ризикот од мозочен удар.
Дијабетес – Повеќето мажи не се ни свесни за ова се додека не го изгубат видот, не добијат болест на бубрезите или еректилна дисфункција.
Самоубиство – Мажите се самоубиваат за 4 пати повеќе од жените
Деменција и Алцхајмерова болест – Овие болести обично се јавуваат по 65-тата година, но исто така ги опфаќа мажите и по 30, 40 и 50 години.
Рак на грло и белите дробови – Пушењето цигари е главна причина за развивање на овој вид канцер.
Д-р Џулијан Витејкер од клиниката за машки болести во Америка, советува:
Елиминирајте ја храната направена од бело брашно
Држете се подалеку од опасните масти
Секојдневно консумирајте мултивитамини
Одржувајте ја и грижете се за вашата тежина
Пијте алкохол само во умерени количини
Заштитете си ја простатата
Мастурбирајте како превенција од канцер и за да си го зајакнете имунитетот
Одржувајте енергична сексуална активност
Одржувајте блиски врски
И запомнете момци, навистина мора да почнете да зборувате за вашите здравствени проблеми, на ист начин на кој жените тоа го прават. Делете детали за вашето здравје и на тој начин ќе може да ја превенирате болеста која ќе ве нападне вас или некој ваш другар.