Мохито за топлите денови
Објавено на 15 јуни, 2015 во 08:51
Мохитото е еден од најпопуларните коктели во светот но и кај нас. Освежителен е и со природен вкус а може да се сервира и со некои јадења.Ви донесуваме неалкохолизирана верзија на овој коктел,кој можете да го направете и дома.
За 3 чаши од по 1,5 – 2 дл кашичка ви требаат две лимети. Пресечете ги на половина и добро исцедете го сокот и и со лажичка истругајте ги остатоците а кората изрежете ја на тенки лентички. Во секоја чаша ставете сок,кора и лажиче кафеав шеќер.Изгмечете неколку ливчиња свежо нане и ставете во чаша. Додадете мраз па се залиете со тоник.