Знаци кои укажуваат на недостаток на витамин А
Витамините се многу важни бидејќи, меѓу другото, ни помагаат да ја одржиме општата благосостојба.
Витаминот А е особено неопходен за одржување на здрави очи, добар вид и здрава кожа и помага во борбата против инфекциите, пренесува WebMD. Со оглед на тоа дека човечкото тело не може сам да произведува витамин А, мора да го вклучиме во исхраната и на други начини.
Ако не внесуваме доволно витамин А во нашата исхрана, постои ризик да развиеме недостаток на овој есенцијален витамин, што може да доведе до бројни здравствени проблеми со текот на времето, вклучувајќи проблеми со видот или намален имунитет. За среќа, благите форми на недостаток на витамин А може да се лекуваат без долгорочни проблеми.
Сериозен недостаток е многу почест во земјите кои се соочуваат со предизвикувачки социо-економски услови, како и ограничен пристап до храна богата со витамин А.
Како да препознаеме дека имаме недостаток на овој витамин? Помалку познати симптоми кои укажуваат на тоа се следниве:
-сува кожа
-суви и иритирани очи
-ноќно слепило
-тешкотии со зачнувањето
-заостанување во растот и развојот
-чести инфекции на грлото и градниот кош
-бавно зараснување на раните
-проблеми со кожата како што се мозолчиња или акни.
Дума.мк