Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Со цел поголема безбедност во сообраќајот и смирување на брзината на автомобилите денеска во Кавадарци започна поставувањето на пластични пречки по улиците пред училиштата во градот. Како што велат од општината, овие пречки би требало да спречат брзо и непрописно возење.

„Согласно проектот, во наредниот период ќе бидат поставени вкупно 105 парчиња и тоа на неколку фрекфентни улици во близина на две  основни училишта.  Првите вакви пречки беа поставени на две локации на улицата „Димката Ангелов-Габерот“ на влезот во ООУ „Тошо Велков-Пепето“.  Потоа  оперативата на  специјализираната фирма „Боита Инг“ од Скопје работеше на  Булеварот„Цветан Димов“ на влезотво ООУ „Гоце Делчев“и тоана двете коловозни ленти. Овој комунален зафат на Општина Кавадарци ќе биде заокружен со поставување на 65 флуоресцентни пластични сигнализатори под стручно име „катадиоптери“. Тие имаат за цел во ноќните часови да ги предупредуваат возачите дека се приближуваат кон пешачки премин. Овие сигнализатори ќе се постават на улиците: „Охридска“, „Љубашка“ и „Партизанска“ со спојотна  „Илинденска“, како и на ул. „Пионерска“ кај ООУ„Тоде Хаџи-Тефов““ информираат од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев./ А.Д

 

 

Поврзани вести

 

Вчера и денеска во ЈКП Дервен се испита причината за краткиот прекин на испорака на вода на ЈЗУ Болница – Велес на ден 20.02.2018 година.

Утврдено е дека екипа на Сектор Водовод работела на замена на вентил на ул. Љубљанска, поради што морале да го затворат вентилот на линијата од која од оваа страна се снабдува со вода болницата.

Но, лицето кое го затворило вентилот заради активностите на ул. Љубљанска, со крајна небрежност истото го сторило без да провери дека вентилот од втората доводна линија од страната на Којник бил исто така затворен, а што морал да го стори пред да го затвори вентилот од првата доводна линија. На овој начин ги затворил двата вентила од двете доводни линии и предзвикал краток прекин на водоснабдувањето во болницата во времетраење од 10-15 минути, по што било интервенирано и воспоставено нормално водоснабдување.

Како резултат на горенаведеното, во ЈКП Дервен во тек е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на соодветно лице, кон кое ќе бидат преземени строги дисциплински мерки.

Значи, не станува збор за намерно исклучување на водата на болницата, или исклучување со дадена наредба, бидејќи за тоа нема причини.

Реакциите на јавноста се оправдани и очекувани. Сепак, коментарите на социјалните мрежи кои имаат намера да прикажат пред јавноста дека наведениот проблем е намерено предизвикан, смислен и сл. и дека некој сака свесно да предизвика проблем се неточни и злонамерни.

Со почит,
ЈКП Дервен

Најново