Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

policija kavadarciДвајца малолетници од Кавадарци се повредени откако со мопед излетале од патот. Се движеле кон Тиквешкото Езеро. Возачот на мопедот, седумнаесет годишниот  Д.С се здобил со тешки телесни повреди, информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

„Вчера во   18.30 часот на патот Кавадарци — село Брушани, поточно место викано „Модри стени“ на Тиквешко езеро Д.С.(17) од Кавадарци управувајќи мопед марка „Гланз 50“ со кавадаречки регистарски ознаки излетал од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, додека со телесни  повреди се здобил сопатникот на мопедот В.П.(17) од Кавадарци“ вели Додевски.

 На лицата им е укажана лекарска помош во Општа болница Кавадарци. Извршен е увид на местото на настанот./А.Д

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

banerknigovodstvo

Најново