Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn
103.03.2021
Петре Пешков  и Блаже Стојановски  од Кавадарци се денешните потписници на грантови за млади земјоделци.  Со неповратната финансиска поддршка од 20.000 евра тие ќе набават опрема за своите семејни винарии односно пневматски преси, иноксни садови, мелачки за грозје, пумпи и опрема за флаширање.  

2 „Преку програмата за рурален развој која ја имплементира Платежната агенција финансиски ќе се подржат 265 млади земјоделци, за кои се одвоени 3.1 милиони евра.   Само со вложување во младите и поддршка на нивните бизнис идеи можеме да ги задржиме онаму каде што припаѓаат. Да живеат, работат и создаваат дома.   Продолжуваме со креирање на политики и мерки за развој на младинското претприемништво во аграрниот сектор“ изјави директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски./А.Д

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

web baner kozuvcanka 300x250 Duma

 
   
   
   
   

Најново