Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои, по претежно суви коловози, освен на повисоките и осојничавите места. Поради појава на магла, видливоста на патните правци Гевгелија – Богданци и Удово – Гевгелија е намалена на 50 до 100 метри.

Денеска не очекува сончево време  со умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува, а ќе дува умерен, повремено засилен југозападен ветер. Температурата ќе се движи од 14 до 22 степени.

Во македонскиот етер од синоќа почна да зрачи  нова телевизија – ТВ Нова. Станува збор за телевизија која ќе биде информативна, главниот производ ќе бидат вестите кои ќе се емитуваат во текот на целиот ден, а на неа ќе има простор да се слушнат многу различни ставови, уште повеќе анализи и дебати.

Белгискиот посредник Питер Ванхауте денеска се враќа во земјава и се очекува да продолжат преговорите околу методологијата за прочистување на Избирачкиот список и реформи во медиумите, како превземање мерки за одвојување на партијата од државата, пишува Плусинфо.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно без забрани и застои, по претежно суви коловози, освен на повисоките и осојничавите места.

До среда ќе се задржи стабилно и релативно топло време со утринска магла по одделни котлини.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново