Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, денеска се сретнал со европратениците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит, со кои разговарал за политичката ситуација во Македонија.

Повеќе од една третина од оние што се обидуваат од Турција да стигнат до некој грчки остров се деца, соопшти УНИЦЕФ.

Реакција на Тамара Чаусидис, претседател на ССНМ(Синдикат на новинари и медиумски работници) по повод предлозите на владејачката партија во рамки на работните групи за спроведување на Договорот од Пржино, а кои што предлози се однесуваат на реформите во медиумите.

Денеска  ќе има услови за слаб локален дожд и снег, особено во северните делови. Температурата до 6 степени.

Во 07.45 укината е забраната за тешки товарни возила што беше воведена во Маврово.

МВР откри нови локации на кои, според Избирачкиот список, би требало да живеат десетици гласачи од Пустец, пишува Фактор.

Поврзани вести

 

Вчера и денеска во ЈКП Дервен се испита причината за краткиот прекин на испорака на вода на ЈЗУ Болница – Велес на ден 20.02.2018 година.

Утврдено е дека екипа на Сектор Водовод работела на замена на вентил на ул. Љубљанска, поради што морале да го затворат вентилот на линијата од која од оваа страна се снабдува со вода болницата.

Но, лицето кое го затворило вентилот заради активностите на ул. Љубљанска, со крајна небрежност истото го сторило без да провери дека вентилот од втората доводна линија од страната на Којник бил исто така затворен, а што морал да го стори пред да го затвори вентилот од првата доводна линија. На овој начин ги затворил двата вентила од двете доводни линии и предзвикал краток прекин на водоснабдувањето во болницата во времетраење од 10-15 минути, по што било интервенирано и воспоставено нормално водоснабдување.

Како резултат на горенаведеното, во ЈКП Дервен во тек е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на соодветно лице, кон кое ќе бидат преземени строги дисциплински мерки.

Значи, не станува збор за намерно исклучување на водата на болницата, или исклучување со дадена наредба, бидејќи за тоа нема причини.

Реакциите на јавноста се оправдани и очекувани. Сепак, коментарите на социјалните мрежи кои имаат намера да прикажат пред јавноста дека наведениот проблем е намерено предизвикан, смислен и сл. и дека некој сака свесно да предизвика проблем се неточни и злонамерни.

Со почит,
ЈКП Дервен

Најново