Во велешка болница 16 ковид пациенти на кислородна поддршка
Објавено на 10 декември, 2021 во 13:24
Во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани 28 пациенти од кои потврдени позитивни се 15, четворица се непотврдени и девет пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
– Во изминатите 24 примен е еден пациент на болничко лекување и еден пациент позитивен на Ковид-19 со ковид пневмонија е пренесен во приватна болница, соопшти портпаролката на велешка болница, д-р Елена Левкова Ќулумова.
На кислородна поддршка се 16 пациенти.
Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 21 и на Интерно Б одделение седум пациенти.
Стефани Манева