Комуналните работници четврти пат го исчистија Потокот, граѓаните не сопираат со фрлањето смет
Расфрлан смет на игралиштето кај Потокот во Велес е честа глетка иако вработените од јавното комунално претпријатие „Дервен“ постојано го собираат и истовремено апелираат до граѓаните сметот од домаќинствата да не го исфрлаат пред игралиштето во Потокот. Но сите апели се залудни, велешани коишто живеат во овој дел од градот, повторно го затрпале со смет игралиштето и вработените во комуналното претпријатие по четври пат годинава, вонредно вчера и денеска, го чистеа расфрланиот смет кај Потокот. При собирањето на сметот денеска била ангажирана и градежна машина.
– Апелираме граѓаните да не го фрлаат сметот од домаќинствата во потокот, затоа што и покрај нашите напори да се одржи чистотата во овој дел од градот, лошите навики на несовесните жители допринесуваат за постојаната грда слика кај Потокот, стои во соопштението на ЈКП „Дервен“.
Инаку во текот на вчерашниот ден биле собрани 3м3 смет од игралиштето кај Потокот.
Стефани Манева