Издумани Крлевизми: „Времето неповратно си оди, ама кај нас не мрднува“
Објавено на 13 декември, 2024 во 16:08
Афористичарот и сатиричар Атанас Крлевски за претстојниот викенд ви ги испрати а Дума.мк ги објави неговите 10 афоризми. Има зошто да ги прочитате. Почнете:
„Шефот го болат моите вистини. Му нема лек!“
“Мира за сите е златна. Зашто не ја носат на вратот.“
„Преминувам од молчење на дела!“
„Моето второ јас – мојата Ахилова петица!“
„Помодарството е прифаќање на новото… на прва!“
„Времето неповратно си оди, ама кај нас не мрднува.“
„Јас од озборувачите имам корист. Ме штитат од заборав.“
„Се удави гасејќи ја жедта за власт.“
„Живеам спортски. Во аут!“
„Повторувајте си ги лекциите, а не грешките!“
Атанас Крлевски