Претпразничен афористички поздрав на Никола Бошковски Коки
Добар ден, на сите верни читатели на порталот Дума. Во знак на нашата взаемна и одлична соработка со редакцијата на почитуваниот електронски медиум верувам дека ги остваривме заедничките заложби поточно да внесеме свежина во секојдневниот живот на нашите сограѓани и да измамиме,за момент, насмевки на нивните лица. Бидејќи не делат само шест денови од пречекот на новата би сакал, во збогувањето со старата година, да посакам сите да сме здрави и живи, во добро здравје да ја дочекаме новата 2023 година што ќе не направи по среќни и по бериќетни. Насмевките на вашите лица ги очекувам како денеска така и во сите наредни понеделници во Новата 2023 година!“, пишува афористичарот Коки.
Ви ги пренесуваме неговите афоризми за последната недела на 2022 година:
„Со здравјето, му благодарам на Бог сум добар, единствено чувствувам главоболка кога ќе застанам пред банкоматот.
Освен презимето,некои жени од мажот го преземаат и …преостанатото.
И без појас за спасување ,некои господа,носители на политички функции,умеаат безгрижно да пливаат во базените на своите викендички.
Срцето бара срце, но и други органи со задоволство би се здружиле.
Во текот на празниците,многумина возачи ќе седат зад воланот, затоа што не ќе бидат во состојба да стојат.
Некој и рекол на сопругата на мојот сосед дека е „прва лига”, па затоа таа сега од сите бара поголеми премии.“
Среќна нова 2023 година
КОКИ