Велешкиот афористичар „Коки“ со нов понеделнички афористички поздрав
Овој студен септемвриски понеделник започнете го со топло кафе и многу насмевки бидејќи велешкиот афористичар Никола Бошков – Коки повторно издвои шест нови афоризми за читателите на Дума.мк. Уживајте!
-На мојот пријател бракот воопшто не му беше стабилен, затоа што неговата сопруга постојано мрдаше.
-Како и за секое оружје така и некои партиски портпаролки треба да поседуваат дозвола за носење…јазик.
-На сопругата и купив миксер ,но таа и понатаму мати со комшијата.
-Со евентуалната ампутација на јазикот, човекот ќе ја изгуби моќта да говори а некој…за навек ќе биде кастриран.
-Ако некој ви ја презеде жената, не очајувајте, времето ќе покаже колку голема среќа сте имале.
-Единствено виолончелистите можат да се пофалат дека меѓу нозете имаат два инструмента.
Афористичар
Никола Бошков – Коки