Велешкиот афористичар „Коки“ со шест нови афоризми
Aфористичарот Никола Бошков „Коки“ и овој понеделник издвои шест нови афоризми од својата тетратка за читателите на Дума.мк. Уживајте:
-Многумина луѓе би го фатиле патот под нозе, ама скапа е патарината.
-За многумина жени денес е РАЈ, но не верувам дека за Ева, на пример, било рај кога била соочена со само еден, единствен избор.
-На нашата политичка сцена невидени циркуси, па отаде и дилемата: „од каде толку многу кловнови и артисти“.
-Некои жени паѓаат многу повеќе во автомобилите, отколку…на возачкиот испит.
-На моите соседи сепак им успеа да си го средат бракот: „некогаш тој ја средува нејзе, другпат-таа го средува него“.
-Зошто само спортистките се подложни на хормонални испитувања и тестови, кога многумина фудбалери се сомнителни: „играат како жени“.
Афористичар
Никола Бошков – Коки