Велешкиот афористичар „Коки“ со шест нови афоризми

Објавено: 23 мај, 2022, во 10:19 часот

Прочитајте ги новите шест афоризми на велешкиот афористичар Никола Бошков „Коки“. Тој и овој понеделник има една цел – да ве расположи ?.

-Многумина луѓе велат дека сопругите им се ангели, му благодарам на Бога…мојата се уште е жива. ?

-Наполно доволна причина за развод на бракот: таа беше во блажена состојба, а тој… не беше во состојба.?

-Постојат жени кои се тврди како тврд орев: тешко се кршат. ?

-Не се само професорите сексуално оптоварени, дел од обврските ги преземаат и асистентите. ?

-Ги влечете жените за јазикот, па потем се прашувате зошто тој им е толку долг. ?

-Не  е комплимент кога ќе ви речат дека во креветот сте вреден како пчела: пчелата само еднаш боцка. ?

Афористичар

Никола Бошков – Коки

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.