Хуманитарна пратка на вода и од велешки Црвен Крст за опожарените подрачја
Објавено на 5 август, 2021 во 12:53

Четири волонтери на велешката организација на Црвен Крст, беа дел од волонтерскиот тим на Црвен Крст на Република Северна Македонија, којшто вчеравечер однесоа 1400 шишиња вода од 0.5 литри во кризното подрачје погодено од шумски пожар во осоговскиот дел на државата.
Исто така тимот составен од волонтерите на македонскиот Црвен Крст, исто така, направи и теренска посета и проценка на состојбата во околина на селото Умлена со цел понатамошна координација на активностите на тимовите на Црвениот крст.

Денеска пак тимовите на опшстинската организација на Црвен Крст Штип, Кочани, Делчево и тим на Црвен Крст на Република Северна Македонија, ќе бидат во логистичка поддршка на институциите и граѓаните ангажирани за гаснење на пожарот.
Стефани Манева
