Се зголемува бројот на болни од грип во Кавадарци
Објавено на 20 јануари, 2016 во 14:01
Променливото време и понатаму е во прилог на ширење на грипот. Последните податоци од Центарот за јавно здравје во Кавадарци покажуваат дека изминатава недела регистрирани се нови 19 заболени од грип.
„Место за паника нема. Се работи за мал број на болни од ова вирусно заболување. Од почетокот на сезоната заклучно со последната недела во Кавадарци има 99 грипозни лица. Споредено со овој период од минатата сезона имаме повеќе заболени. Лани во средината на јануари имало само 53 случаи на грип“ рече д-р Ристе Јовановски.
Тој нагласува дека од утре со стартот на второто полугодие може да се очекува и побрзо ширење на грипот./А.Д