Најмногу заболен од грип во Кавадарци од почетокот на сезоната

Објавено на 26 јануари, 2016 во 15:17

Нови 41 случаи на грип се регистрирани во Центарот за јавно здравје изминатава недела во Кавадарци. Ова е најголем број на заболени регистрирани за една недела од почетокот на сезоната.

Сепак тоа и не се конечни бројки бидејќи многу болни се лекуваат во домашни услови и лекарска помош бараат само доколку се појават компликации од грипот.

 

„Заклучно со последната недела,  кога имаме и најмногу регистрирани болни од грип вкупниот број сезонава се искачи на 141 заболен од грип. Бројот не е алармантен но сепак,  споредено со лани овој период имаме повеќе болни годинава. Лани имало само 62 болни во овој период“ рече д-р Ристе Јовановски, епидемилог во кавадаречкиот центар за јавно здравје.

И годинава најпогодена е возрасната група од 15 до 64 години./A.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.