Директорот на болницата во Кавадарци ги отфрла обвинувањата на СДСМ

Објавено на 19 февруари, 2016 во 14:49

„ Не знам кој е мотивот на овие партиски пресови на СДСМ, па цело време трн во око им е баш болницата во Кавадарци. Тие упорно кажуваат паушални и невистинити констатации   за само нив познати цели. Болницата во Кавадарци досега има покажано напредок во сите сегменти, па така до сега има остварени набавки на опрема и простор“  стои меѓу другото  во писмената реакција на директорот на ЈЗУ Општа болница Кавадарци, д-р Орце Ангеловски по вчерашната прес конференција на ОО на СДСМ .

Директорот во реакцијата нагласува дека се отворени три нови амбуланти, центар за лекување на болести од зависност, уролошка амбуланта и центар за лекување на астма.

„Дониран  е спирометар ,инхалатор на детско одделение, специјални кревети, нов рентген апарат и адаптиран простор за него,нов апарат за анестезија, нови 2 апарати за биохемиска лабораторија, Преносен инкубатор на детско, две возила,   санитетски комбиња за пренос на пациенти, нов ехосонографски апарат, операционен  стол за хирургија, Поправено  е парното греење и набавена е нова пумпа,  Набавен е рефрактометар на очно,  купени се  100  нови душеци и навлаки за пациентите, екран за витални параметри, уролошки сет – цистоскоп  телевизори ЛЦД во сите  соби, тонометар за очно, мултифункционален магнетен терапевтски физијатриски апарат, Ендоскопска апаратура за ОРЛ, 120 нови чаршави и перници , 10 климатизери  ,   два ЦТГ апарати  за гинекологија, ехосонографски апарат очен“ нагласува директорот на болницата и додава дека вредноста на овие набавки е 150 милиони денари.

Понтаму во реакцијата се вели дека  пациентите биле навреме и професионално згрижени, во затоплени простории и од персонал којшто редовно се ангажирал, како од вработени во кавадаречката болница,  така и од други болници со коишто е склучен договор за соработка.

„Лековите пациентите ги добиваат во нашата болница и нема потреба да купуваат настрана бидејќи ги имаме доволно. Ова значи дека болницата работи  тековно и солвентно. Сето ова зборува во прилог дека сето наведено во пресот на СДСМ е невистина и лага“ објаснува д-р Ангеловски./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.