Скокнале од воз во движење сега се борат за живот на клиника во Скопје!
Двајца велешани својата непромисленост ја платиле со тешки повреди и се борат за живот на скопските клиники. Тие вчера утро го згрешиле возот со кој требало да патуваат и се одлучиле да скокнат од него додека се движел.
Се се случило на 150 метри од железничката станица во Велес, вчера утро околу 6.30 часот, кога таму пристигнале 21 годишниот К.М и 44 годишниот М.А со намера да патуваат за Гевгелија.
Тие го згрешиле возот, бидејки се качиле во вториот кој сообраќал кон Скопје.
Во моментот кога ја сватиле се одлучиле на ризичен начин да ја поправат грешката. Скокнале додека возот се движел. Имале среќа што паднале до железничката пруга но несреќата е во здобиените тешки повреди.
Веднаш била повикана брзата помош која ги пренела во болницата во Велес. Таму првично биле реанимирани и поради сериозностана повредите веднаш биле транспортирани во скопскиот клинички центар./Б.Н