Сите осмооделенци се запишаа а во велешките средни училишта има слободни места!
Има уште 400 слободни места во прва година во четирите средни училишта во Велес. Сите 529 осмоодделенци од општината ќе продолжат да учат но во средните училишта сеуште има слободни места.
Сто и дваесет ученици се запишаа во прва година во економското училиште во кое има уште 80 празни места. Од нив 15 поднесоа документи во вториот уписен круг.
Гимназијата располага со уште 110 слободни места од кои осум се во паралелката на албански наставен јазик.
Во Хемиското средно училиште новпримени се 53 ученици. Таму нема слободни места само во медицинските паралелки, фармацевти, физиотерапефти и козметичар. Училиштето располага со уште 100 слободни места во останатите струки исто како и во средното стручно училиште Коле Неделковски каде во првиот уписен рок се запиша вкупно 241 ученик.
Осмооделенците од општина Велес, вкупно 529, се запишаа уште во првиот круг на првиот уписен рок. Во вториот од првиот уписен круг има 191 новозапишани ученици. Тие се од соседните општини.
Во Велес има уште 400 слободни места за кои ќе се чекаат ученици од градовите во Повардарскиот регион. Годинава според официјалните информации разликата помеѓу бројот на планирани места за упис во прва година во четирите училишта и учениците кои завршија основно образование изнесува 400./Б.Н