Кавадарци, Неготинци и Росоманци наместо од системот Лукар пијат вода од алтернативен водовод
Регион - Кавадарци
Понеделник, 09 Јануари 2017 12:04

Кавадарци, Неготино и Росоман вчера останаа без вода за пиење. Како што информираа од ЈП Комуналец прекинот во водоснабдувањето бил поради поларните температури од кои замрзнале хидро објекти на водоводот Лукар.

- Две екипи беа на терен и се обидуваа каде што е пристапно да интервенираат и да ја доведат состојбата со водоснабдувањето во нормала. Сооглед на должината на водоводот и конфигурцијата на теренот се работеше во текот на ноќта и се продолжи денеска . Очекуваме да се нормализира водосабдувањето, но повторно ќе мора да функционира на исклучително ниски температури, рече раководителот на Водовод и канализација при ЈП „Комуналец“, Марјан Прескакулев.

Кавадарчани и Неготинци во текот на ноќта добија вода за пиење. Последните информации од ЈП „Комуналец“ и од Општина Кавадарци говорат дека ставен бил во функција алтернативниот водовод ХМС „Бошава“. Сега се очекува по полнењето на системот, во наредните часови, да протечат и чешмите во домовите на граѓаните. Така тие ќе се снабдуваат со вода за пиење, се додека не се надмине проблемот со главниот регионален водовод Лукар.

Ангел Данов

 

 

 

 



Огласи


rontis_logo.jpg
Четврток, 12 Јануари 2017 19:35
rontis_logo.jpg
Четврток, 12 Јануари 2017 19:32
rontis_logo.jpg
Четврток, 12 Јануари 2017 01:20