Крајот на стар Велес завршуваше со маало „Крајот“
Регион - Велес
Недела, 15 Јануари 2017 08:46

(Болницата во Велес, стариот дел во кој денеска работи Лабораторија, Физикалното одделение и Трансфузиологија)

Велес кон крајот на дваесеттите и триесеттите години на минатиот век се протегал од касарните, горната и долната касарна, денес на тоа место e Младински парк, и угоре на ридот над некогашната касарна, денешните објекти на Општата болница Велес од едната, а до другата до манастирот „Св. Димитрија” или местото каде реката Тополка се влива во Вардар. Градот завршуваше кај касарните, горната и долната, кои се наоѓаа од двете страни на таканареченото Прилепско џаде од каде почнуваше стариот пат за Прилеп. Во времето на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците на Прилепското џаде кое официјално беше улица „Краља Петра”, завршуваше и последното маало на Велес. Се викаше „Крајот”.

 
Пакети со храна и ќебиња добија 13 сиромашни семејства во Велес
Регион - Велес
Петок, 13 Јануари 2017 17:01

На тринаесет семејства на самохрани мајки со мали деца и на многудетни семејства во неповолна материјална состојба во Велес и во населбата Превалец кои имаа итна потреба од хумантарна помош денеска Општинскиот Црвен крст и ЈЗУ Здравствен дом од Велес им доделија прехранбени производи и ќебиња.

 
За 20 литри во секунда е зголемена потрошувачката на вода во Велес
Регион - Велес
Петок, 13 Јануари 2017 15:52

Во изминатите осум дена со поларни зимски температури зголемена е потрошувачката на вода во Велес од просечни 110 л/сек на 130 л/сек. Дваесетте литри вода во секунда повеќе граѓаните ги трошат со тоа што во ноќните часови ги оставаат отворени славините на чешмите во домовите со цел да не дојде до мрзнење.

 
Пробиен патот до отсечените велешки села Р`левци, Рудник и Ветерско
Регион - Велес
Петок, 13 Јануари 2017 12:35

По осум дена од првиот паднат снег во велешко, фирмите што општината ги ангажирала за чистење на патиштата го пробија патот и до последните три отсечени села во општината. Од денеска се стигнува и до стотината претежно стари и изнемоштени лица кои живеат во селата Р‘левци, Рудник и Ветерско. Бидејќи станува збор за пооддалечени села од Велес сообраќајот кон нив и понатаму се одвива во отежнати услови што значи дека граѓаните кои ќе одлучат да патуваат потребно е на моторни возила да имаат зимска опрема.

 
Мразот почна да се топи во Велес но, од утре нови врнежи на снег и нешто повисоки температури
Регион - Велес
Среда, 11 Јануари 2017 18:37

Мразот што во четвртокот, на петти јануари, го окова Велес денеска почна да се топи. Дури денеска може да се каже дека е постигнат ефектот од фрлените количини на сол и ризла на главните градски улици. Тие се чисти и возачите можат да здивнат. Таксистите велат дека денешниот ден им е прв без грижи додека ги превезуваат патниците по централните сообраќајници „8 - ми Септември“, „Благој Ѓорев“, „Алексо Демниевски“ како и по улиците од Трговскиот центар во Нова населба кон училиштето „Васил Главинов“, кон средношколскиот интернат, средното стручно „Коле Неделковски“ и комплексот згради. Сите овие улици се наоѓаат во нискиот дел на градот.

 
Кризниот штаб на општина Велес бара поголема грижа за старите, изнемоштените и болните лица
Регион - Велес
Среда, 11 Јануари 2017 17:26

Уште еден студен бран ќе ги зафати Велес и околните населени места од вечерва. Од Центарот за управување со кризи информираат дека Велес ќе се наоѓа во жолта фаза со екстремно ниски температури. За таа цел Кризниот штаб на општина Велес одржа вонреден состанок и одлучи да се преземат акции од Здравствениот акционен план, за фаза 1, со кои се апелира граѓаните да ги почитуваат препораките, особено оние кои важат за најранливите категории.

 
Засега не е зголемен бројот на пациенти со скршеници во велешка Болница
Регион - Велес
Вторник, 10 Јануари 2017 14:41

По еден или најмногу двајца граѓани дневно бараат помош од лекарите ортопеди во велешката Болница како резултат на здобиени повреди од паѓање на мразот на велешките улици. На хирушкото одделение во велешката болница засега нема зголемен број на интервенции. Таквата состојба е резултат на тоа што граѓаните седат дома и не излегуваат без потреба надвор, на улица, велат лекарите од болницата.

 
Две села во велешко сеуште отсечени и во уште неколку нема вода или струја
Регион - Велес
Понеделник, 09 Јануари 2017 14:29

Велешките села Ветерско и Лугунци сеуште се отсечени од општината. Жителите во нив, во изминатите четири дена, преживеаја и без струја. Во нивните домови од денеска ќе има светло. Засега на малкумината жители не им се потребни храна и лекови бидејќи велат дека имале доволно залихи што ги купиле пред една недела. Но, тие бараат да се пробие патот за да можат да дојдат до Велес.

 
Велес, три дена на мраз (ФОТО)
Регион - Велес
Недела, 08 Јануари 2017 17:21

Снегот што во вечерните часови на 5 јануари падна во Велес и поларните температури го создадоа мразот на коловозите и тротоарите на главните улици, на споредните во стариот и во новиот дел на градот. Граѓани кои живеат во близина на црквата „Свети Пантелејмон“ велат дека тоа што нивната улица не била навреме исчистена и на неа не биле фрлени ризла и сол довело до формирање на неколку сантиметри дебел слој на мраз што сега не може да се исчисти. Сосојбата е иста и на улицата која води кон црквата „Свети Спас“. Делумно е исчистена улицата што води кон градската болница а по мраз се оди и вози за да се стигне и до Којник.

 
(ФОТО) Замрзна водата на преливната брана и на крајбрежјето на велешко езеро
Регион - Велес
Недела, 08 Јануари 2017 16:06

Големи соспи мраз се создадоа на местата каде што прелеваше водата од браната на вештачката акумулација езеро „Младост“. Денеска тие се простираат по висина на целиот цементен ѕид на браната. Поларните студови и температури таму создадоа неверојани облици на мраз што се интересни за граѓаните кои доаѓаат на прошетка или престој во хотелот и мотелот на езерото. Некој од нив, иако не е дозволено, се симнуваат по железните скали покрај карпите се до долниот дел на браната, со цел да ја фотографираат.

 
Шеесетина патници, на Бадник, преноќија на автобуската во Велес
Регион - Велес
Сабота, 07 Јануари 2017 15:08

Околу шеесетина патници од три автобуси, еден струмички и два кочански,  бадниковата вечер и божиќното утро ги дочекаа на автобуската станица во Велес. Поради снежните наноси и меќавата како и непроодниот магистрален пат Велес - Штип овие автобуси вчера попладне, после 17 и 20 часот не можеле да продолжат да ги возат патниците кон источна Македонија. Па така наместо во Штип, Кочани, Радовиш и Струмица патниците , меѓу кои имало и деца, стигнаа и останаа во Велес. Тие преноќија во чекалната на автобуската станица.

 
«ПочетокПред12345678910СледноКрај»

Страница 1 од 234

 

 



Огласи


rontis_logo.jpg
Четврток, 12 Јануари 2017 19:35
rontis_logo.jpg
Четврток, 12 Јануари 2017 19:32
rontis_logo.jpg
Четврток, 12 Јануари 2017 01:20