Не видоа аир тутунопроизводителите од Лозово од договорите со струмичкиот монопол
Регион - Лозово
Среда, 18 Јануари 2017 17:32

Писмениот документ со кој тутунарите од Лозово се обврзаа кон „Струмица табак“ дека ќе произведуваат квалитетен тутун – басмак, годинава наместо заработувачка им носи пропаст. Струмичката тутунарска фирма го затвори откупниот пункт во Лозово. Во амбарите на тутунарите останаа неоткупени триесет тони. Тутунарите рекоа дека се во загуба од самиот почеток на годинешното производство, кога влегле во инвестиција и купиле опрема.

 
Во општина Лозово гласале 1.630 граѓани односно 79,36 % од вкупниот број на гласачи
Регион - Лозово
Понеделник, 12 Декември 2016 14:49

На вчерашните предвремени парламентарни избори во општина Лозово гласале вкупно 1.630 граѓани или 79,36 проценти од вкупниот број гласачи евидентирани во избирачкиот список. И тука предноста во гласови е на контото на ВМРО ДПМНЕ. За неа гласале 878 граѓани или 53,87 проценти.

 
(ОБНОВЕНО) Загинатата жена во сообраќајката кај Сарамзалино најверојатно е од Виница
Регион - Лозово
Петок, 10 Јули 2015 10:06

Жаклина А. (36) од Виница е жената која загина во сообраќајната несреќа што се случи синоќа на патот Велес-Штип, кај Сарамзалино. Информацијата сеуште не е потврдена од СВР Штип.

 
Раскинат договорот на Субрата Рој и ЗК „Џумајлија“
Регион - Лозово
Сабота, 08 Ноември 2014 13:52

Активирана е банкарската гаранција од околу три милиони евра на индиската компанија „Сахара груп“. Вака Македонија ја почна постапката за раскинување на договорот со индиската компанија за комбинатот „Џумајлија“. Гаранцијата е активирана во банката „Сосиете женерал“, рече денеска портпаролот на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Соња Трајкова.

 
Се гради третата делница на патот Велес - Кадрифаково
Регион - Лозово
Четврток, 30 Октомври 2014 14:53

Започнаа градежните работи и на третата делница од патот Велес - Кадрифаково. Градежната оператива почна да работи на изградба на две нови и на исправање на постоечките две стари коловозни ленти на делницата помеѓу Лозово преку Сарамзалино до Кадрифаково. Така и третата делница долга 11 километри ќе се проширува од 6,5 на 11 метри, од неа  ќе се отстрануваат црните точки и ќе се подигнува безбедноста на сообраќајот. Наместо сегашните 40 км/час по новиот пат ќе се вози и до 100 км/час.

 
Се асфалтира втората делница на магистралниот пат Велес-Штип
Регион - Лозово
Вторник, 21 Октомври 2014 14:55

Моментално се асфалтира втората делница, а кон крајот на неделава ќе се отпочне и со третата фаза. Ќе се асфалтираат десетте километри од селото Сарамзалино до Кадрифаково. Од Јавното претпријатие за државни патишта велат дека според динамиката на градежните работи, патот со најмногу црни точки ќе биде готов до крајот на наредната година.

 
Првиот асфалтен слој на делницата од патот Велес - Лозово до крајот на годината
Регион - Лозово
Четврток, 14 Август 2014 13:50

Интензивно се работи на реконструкција на магистралниот пар Велес- Штип. Моментално се проширува втората делница во должина од девет километри. Инвестицијата чини 6,5 милиони евра. Инаку патот од Велес до Штип е во купна должина од 23 километри и неговата реконструкција Владата ќе ја чини 15 милиони евра.

 
Се пробива трасата на патот Велес - Кадрифаково
Регион - Лозово
Понеделник, 07 Јули 2014 15:47

На две големи градилишта, веднаш после велешката градска депонија за смет и пред влезот во Лозово, се пробива трасата на патот од Велес до селото Лозово. Таа делница од патот е долга 9 километри.  Градилиштата се дел од трасата на новиот пат што паралелно ќе се гради покрај постоечкиот кон Штип.  Делницата комплетно се реконструира и рехабилитира и се врши проширување од досегашната широчина од 6,4 на 11, 1 метри. Патот, во двата правци, ќе добие по две коловозни ленти првата широка 3,25 м, втората 2 м и една работна лента од 30 см. Се ублажуваат свиоците на патот и се отстрануваат црните точки.

 
Земјоделците од Дорфулија го прашаа Коњановски зошто во понеделникот не испукаа градобијните ракети во Овче Поле?
Регион - Лозово
Петок, 30 Мај 2014 14:26

Зошто во понеделникот попладне не профункционира градобијниот систем во Овче Поле туку дозволи невремето да ни ги столчи нивите со тутун, жито, градинарски култури и лозјата, го прашаа денеска земјоделците од селото Дорфулија заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Тие од Зоран Коњановски побараа помош и за неисплатеното грозје од винарската визба „Аневски“. Меѓу нив беше и тутунопроизводителот Орце Николовски на чии пет декари денеска нема здрав корен на тутун.

 
Невремето ги столчи земјоделските култури во Овче Поле
Регион - Лозово
Вторник, 27 Мај 2014 12:52

Земјоделците од селото Дорфулија денеска ги евидентираа штетите на повеќе од 500 хектари ниви и лозја. Се чудеа што сега ќе прават бидејќи очекувале род од кои ќе ги прехранат семејствата.

 
Среќа ја спаси бремената струмичанка Јасмина, единствената патничка во автобусот, која не е повредена во сообраќајката кај Сарамзалино
Регион - Лозово
Вторник, 13 Мај 2014 14:27

Струмичанката Јасмина е најсреќната патничка од сите во автобусот кој денеска настрада во сообраќајната несреќа на железничката пруга Велес - Штип, кај селото Сарамзалино. Дваесет и осум годишната жена во шести месец на бременост не е повредена а проблеми нема ниту со нејзиното неродено бебе. Јасмина се чувствува добро, стабилизирана е по стресот и сепак ќе остане на гинеколошкото одделение во болницата за да се следи нејзината здравствена состојба во наредните дваесет и четири часа.

 
«ПочетокПред123СледноКрај»

Страница 1 од 3