Извидници од Велес и Чашка викендов на камп во Голозинци
Регион - Чашка
Понеделник, 19 Декември 2016 17:13

Студеното време не ги спречи извидниците од „Димитар Влахов“ викендов да престојуваат во нивниот извиднички центар Голозинци и да реализираат низа активности од проектот „Создаваме подобар свет“. На првиот камп четириесетина членови на Извидничкиот одред од Велес и Чашка ја промовираа локалната младинска работа, поттикнуваа младинско учество, ја креираа Локалната младинска стратегија а дебатираа и за социјално интегрирање преку неформално образование. Но освен внатре во извидничкиот центар тие не ги пропуштија и активностите во природа.

 
Во општина Чашка гласале 3.984 граѓани односно 67,39 % од вкупниот број на гласачи
Регион - Чашка
Понеделник, 12 Декември 2016 13:07

Според податоците на ДИК, во општина Чашка на гласање излегле вкупно 3.984 граѓани што е 67,39 проценти од вкупниот број на гласачи евидентирани во единствениот избирачки список. Во оваа општина најголема доверба од гласачите добила Коалицијата за подобра Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ. За неа гласале 1.604 граѓани или 40,26 проценти.

 
Од реонот на Азот годинава набрани над сто тони печурки
Регион - Чашка
Среда, 09 Ноември 2016 10:24

Жителите од реонот на Азот се офајдија од печурки годинава. Заработија од седум до десет илјади евра. Берењето и продажбата на печурките, за жителите од Теово, Согле, Бистрица, Богомила, Ореовдол, Мокрени, Габровник, Ореше, Црешнево и Нежилово, стана профитабилна дејност. И не само за нив, од печурките заработија и граѓаните кои одамна ги напуштиле овие села, па во екот на бербата се вратиле и цело лето го собирале родот.

 
Волци напаѓаат стада овци во реонот на Чашка
Регион - Чашка
Среда, 05 Октомври 2016 11:11

Наезда на волци во Чашка. Крволочните животни деновиве ги нападнаа стадата говеда и овци во реонот на селата Плевење, Мартолци, Стари Град, Крива Круша и Ново Село. Гладните волци, чиj број, според сточарите се движи од педесет до осумдесет, го нападнале стадото говеда на Веле Трајков, од селото Плевење и му удавиле три телиња.

 
Примероци на вода од селскиот водовод во Богомила, поради бактеријата ешерихија коли, однесени на анализа
Регион - Чашка
Понеделник, 04 Јули 2016 13:27

Земени се денеска мостри од водата во селскиот водовод во Богомила и однесени на анализа во Центарот за јавно здравје во Велес. Резултатите ќе треба да бидат готови до среда на 6 јули и да покажат дали во водата за пиење од овој селски водовод сега има или нема бактерија ешерихија коли, соопшти денеска шефот на кабинетот на градоначалникот на општина Чашка, Милена Андова. Таа додаде дека од зависност на резултатите општината заедно со јавното комунално претпријатие „Тополка“ ќе утврдат мерки за дополнителна заштита на жителите во селото.

 
Жителите на село Владиловци бараат вода, ЈП „Тополка“ може да им намести само ново црево
Регион - Чашка
Понеделник, 16 Мај 2016 13:19

Со прекини од по неколку часа и со мал притисок тече водата во чешмите во домовите на жителите на село Владиловци. Проблемот настанал откако пред речиси една година на неколку места во должина од околу два километри, пукнале цевките од водоводната мрежа. Во вид на водоскоци сега таа неконтролирано тече и не стигнува до чешмите на жителите. Тие се жалат и велат дека малиот притисок под кој тече водата и честите прекини им создаваат проблеми во домаќинствата . Проблемот неколкупати го пријавиле во општина Чашка, на чија територија се наоѓа селото но, од таму се уште не добиле помош.

 
Без соодветен медицински третман живеат болните од пулмонална хипертензија во државата
Регион - Чашка
Понеделник, 09 Мај 2016 13:38

Десетината пациенти во државата кои боледуваат од пулмонална хипертензија се уште немаат соодветен медицински третман. Тие секојдневно се соочуваат со недостиг од лекови кои ги нема на позитивната листа, па мораат да ги набавуваат на црно од странство. Без терпија и кислород тие не можат да си го замислат животот, но ниту по една година откако преку кампања ја запознаа јавноста со оваа ретка болест и побараа институциите да им помогнат, не добија ништо. Државата не им отвори ниту центар во кој ќе се лекуваат. Со нарушено здравје но упорни и храбри, овие луѓе и годинава излегоа пред јавноста да си ги кажат маките.

 
Теовчани апелираат за помош на соседот Марјан: Има ли човек, институција, држава кои можат да му го спасат животот на овој сиромашен човек ?!
Регион - Чашка
Среда, 04 Мај 2016 17:02

По лекувањето од тешка депресија, на нервното одделение во велешката болница, теовчанецот Марјан Јанковски е повторно вратен во трошната куќарка во селото. На педесет и шест годишниот маж малку му е подобрена здравствената состојба но, тоа не е доболно за да се грижи сам за себе и за домот. Соседите го надгледуваат и му ја носат храната што ја добива од државната социјална кујна. Тие исто така се обидуваат да контролираат дали Марјан редовно јаде, ги зема ли препишаните таблети, дали му гори огнот во домот. Теовчанецот Тони е еден од нив. Тој деновиве повторно побара помош за Марјан велејќи дека неговиот сосед не смее повторно да остане сам во домот затоа што ке му се влоши состојбата. Тоа што во секој момент куќата може да му се урне врз глава е дополнителен проблем.

 
Ќе се врати ли повторно теовскиот грав!?
Регион - Чашка
Понеделник, 07 Март 2016 14:03

Гравот произведен од жителите на велешкото село Теово како и од останатите населени места од реонот Азот, беше еден од најбараните на Градскиот пазар. Но веќе неколку години наназад тој не се произведува и го нема на пазарот. Жителите на Теово велат дека причината за тоа е масовното иселување на граѓаните па нема кој да го  работи. Од друга страна пак, гравот не се сади повеќе затоа што реката Бабуна често ги поплавува нивите кога ќе надојде од пролетните дождови и топењето на снегот.

 
Институциите се правдаат за случајот на Марјан Јанковски од Теово
Регион - Чашка
Петок, 04 Март 2016 15:00

Педесет и шест годишниот Марјан Јанковски од велешкото село Теово, болен од тешка депресија и психичко растројство, не бил примен на болничко лекување во психијатриската болница Негорци кај Гевгелија затоа што дежурниот специјалист го прегледал и оценил дека не треба да го прими. Вакa одговори денеска директорот на болницата Негорци, доктор Петар Кангов во телефонскиот разговор, кога го прашавме зошто пациентот Јанковски не е хоспитализиран. Кангов додаде дека доколку на Марјан во меѓувреме му се влошила здравствената состојба, неговите роднини можеле повторно да го oдонесат, уште во понеделник, кога повторно ќе бил повторно прегледан. Тогаш ако лекарскиот тим проценел дека пациентот има влошено здравје ќе го примеле во болница. Во спротивно ќе го врателе дома бидејќи се зависело од проценките на лекарите во болницата.

 
Теовчанецот Јанковски ќе умре без помош од државата
Регион - Чашка
Четврток, 03 Март 2016 16:02

Со тешка депресија и психички растроен, сам и напуштен од најблиските роднини, веќе една година живее педесет и шест годишниот Марјан Јанковски од велешкото село Теово. Повлечен во својот свет, Јанковски не комуницира со никого. Тој нема сопруга и деца. Ретко излегува од куќата што ја наследил од родителите, иако таа тешко може да се нарече дом. Во студена соба со поцрнети ѕидови и  таван кој во секој момент може да му падне врз глава, Јанковски ги преживува најтешките денови од својот живот. Тој не знае дали му студи па затоа оваа зима во неговата соба не грее стариот шпорет на дрва.

 
«ПочетокПред123456789СледноКрај»

Страница 1 од 9

 

 



Огласи


rontis_logo.jpg
Четврток, 12 Јануари 2017 19:35
rontis_logo.jpg
Четврток, 12 Јануари 2017 19:32
rontis_logo.jpg
Четврток, 12 Јануари 2017 01:20