Македонија на седумнаесетто место на најтоксични земји во светот
Вести - Екологија
Четврток, 02 Февруари 2017 10:44

Македонија е рангирана на 17 место на листата на 20 најтоксични земји во светот. Зад неа се само Сингапур, Ирак и Кина, објави организацијата Еко експертс.

 
Европскиот Парламент предложи нови ограничувања за загадувањето на воздухот
Вести - Екологија
Четврток, 24 Ноември 2016 09:40

Новите предлози на Европскиот Парламент се однесуваат на поамбициозните национални ограничување на емисиите на клучните загадувачи, вклучувајќи ги NOx честичките и сулфур диоксидот, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

 
„Југохром“ бара уште 18 месеци да загадува без филтери
Вести - Екологија
Понеделник, 31 Октомври 2016 16:29

„Југохром“ бара ново 18-месечно продолжување на рокот да постави филтри за отпрашување на отпадните гасови од фабриката. Рокот, кој истекува денеска, го одреди Владата пред две години. Досега овој рок Владата и Министерството за екологија неколку пати го продолжуваа на барање на „Југохром“, но во фабриката и понатаму нема поставено филтри.

 
Тетово,Скопје,Битола и Кавадарци најзагадени градови
Вести - Екологија
Вторник, 15 Декември 2015 10:33

Најзагадено е во Тетово каде што повеќе часови концентрациите не паднаа под 900 микрограми, а максималната измерена е 996 микрограми. Во Битола во текот на ноќта максималната концентрација достигнала 577. Во Скопје најзагадено ноќеска било во Лисиче со 823 микрограми, Центар 676, Карпош 498 и Гази Баба 446.

 
Загаден воздухот во Кавадарци, во Тетово и во Скопје
Вести - Екологија
Среда, 28 Октомври 2015 09:49

Висока концентрација на честичките прашина ПМ 10 покажуваат мерењата во Скопје, Тетово и Кавадарци. Овие три градови се најзагадени во моментов во државата.

 
САД со мониторинг на загадувањето на воздухот во градови каде има отворено амбасади
Вести - Екологија
Вторник, 24 Февруари 2015 09:00

САД одлучија да вршат мониторинг врз квалитетот на воздухот на градови во странски земји, каде што имаат свои дипломатски претставништва,пренесе Локално.мк. Засега Вашингтон не одлучил дали меѓу градовите со контрола врз чистотата на воздухот ќе фигурира и Москва, но соопштението уследи за време на изјава на државниот секретар Џон Кери.

 
Битолчани синоќа на масовен протест против аерозагаденоста
Вести - Екологија
Среда, 05 Ноември 2014 09:24

„Воздухот е живот, воздухот е право“, „Битола сака чист воздух“„Дајте ни да дишеме“; „ За нас се работи“. Со овие пароли вчера вечер околу 1000 битолчани на протетстен марш по Широк Сокак  го дигнаа својот глас против аерозагадувањето во Битола, јави Телма.

 
Владата сеуште размислува за Југохром и Макстил
Вести - Екологија
Четврток, 30 Октомври 2014 20:39

Владата се` уште размислува дали утре да им наложи на Макстил и на Југохром да го запрат производството, со оглед на тоа што двата индустриски капацитета не успеаја на време да ги исполнат предвидените еколошки стандарди. Иако претходно од надлежното Министерство за животна средина категорично тврдеа дека 31 октомври е крајниот рок за инсталирање на опремата и дека повеќе нема да има одложување, министерот за финансии Зоран Ставрески вели дека Владата се` уште нема заземено конечен став околу тоа прашање, јави Телма.

 
Макстил нема да работи три месеци за да инсталира филтри
Вести - Екологија
Четврток, 16 Октомври 2014 16:25

Макстил ќе прeкине да работи во наредните три месеци, период кога ќе ја инсталира механизацијата која му треба за да работи по еколошки стандарди. Ова е ставот на компанијата која е една од најголемите загадувачи на животната средина во Скопје. Од таму велат дека се инсталира најсовремена опрема, јави Телма.

 
Југохром, до крајот на месецов, ќе го запре производството
Вести - Екологија
Среда, 15 Октомври 2014 16:58

Комбинатот Југохром од тетовско Јегуновце престанува со работа за две недели. Министерството за животна средина овојпат нема да го пролонгира рокот за исполнување на еколошките стандарди ниту ќе прогледа низ прсти за непоставувањето на филтри на оџаците, вели министерот Нурхан Изаири кој денеска беше во посета на Тетово.

 
Во сабота, акција „Македонија без отпад“
Вести - Екологија
Среда, 15 Октомври 2014 16:47

Во рамки на проектот „Македонија без отпад“ в сабота низ цела држава ќе се реализира националната акција за чистење на отпадот „Македонија без отпад“.

 
«ПочетокПред12345СледноКрај»

Страница 1 од 5