Пронајдена марихуана кај двајца велешани
Објавено на 14 декември, 2021 во 14:57

Полициски службеници од СВР Велес при претрес во домот на триесет и шест годишниот Д.П и во домот на шест години помладиот И.В, двајцата од Велес, пронашле и одземале марихуана.
Претресот бил извршен во текот на вчерашниот ден, 13 декември,врз основа на судска наредба.
Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Стефани Манева
