АМСМ: Внимателно возење, можна појава на одрони на клисурите и засеците
Вести - Македонија
Четврток, 12 Јануари 2017 09:32

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на планинскиот премин Пресека, како и на патниoт правец Маврово – Дебар, каде за останатите возила задолжително е користење на зимска опрема.

Поради лошите временски услови и состојбата на патиштата, не се дозволува влез на товарни возила и автобуси во Р.Грција.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот, по интервенција на дежурните екипи од Македонијапат.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен-Буково.

Од 15-ти Ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2017 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

 

 

 

 



Огласи


rontis_logo.jpg
Четврток, 12 Јануари 2017 19:35
rontis_logo.jpg
Четврток, 12 Јануари 2017 19:32
rontis_logo.jpg
Четврток, 12 Јануари 2017 01:20