Klinikazaginekologijaiakuserstvo fin

Се случуваат ли промени во државното здравство или само постојат поединечни случаи кога лекарите и медицинскиот персонал навистина работат во интерес на пациентите. Оваа јавна благодарност на Велешанка која се однесува на здравствен тим на Уролошко- гинеколошкиот оддел при Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство-Скопје покажува дека и да се малубројни во здравствената фела сепак постојат професионалци кои почитувајќи ја Хипократовата заклетва не прават статусни разлики и не ги бираат пациентите по веросисповед и националност.

Novogodisnaatmosvera2 fin

Година Општина Велес наместо новогодишни украси, календари и други промотивни материјали предвидените средства во буџетот ќе ги донира на 100 социјално најзагрозени семејства од Велес.

Gemigjii naslovna

Новата година асоцира на весела атмосфера, подароци и семејни собири. За жал, не сите деца можат еднакво да го почувствуваат новогодишното расположение. Затоа навивачката група „Гемиџии“ одлучи да измами среќа на лицата на децата со посебни потреби во ПОУ „Маца Овчарова“ – Велес.

navivaci Gemigjii fin

„Со панихида пред неговото вечно почивалиште, во саботата на 22 декември, на гробиштата во црквата „Свети Великомаченик Пантелејмон беше одбележана 116 годишнина од смртта на Миле Поп Јорданов. Во одбележувањето се вклучи и навивачката група „Гемиџии Велес„.

Deca1 fin

Дваесет и едно дете од Велес, кои се дел од семејства што живеат во социјален ризик, час и половина се забавуваа во игротеката „Парк“ на предновогодишна забава што за нив ја организираа Ротари клуб „ Бели Мугри - Велес“ и Фондација за локален развој и демократија “Фокус“ од Велес. Поттикнати од чичко Тони, децата танцуваа на познати хит песни и ги користеа играчките и реквизитите на игротеката. Ова е петта предновогодишна забава на дечиња од градот на кои поради лошата материјална состојба во која се наоѓаат нивните родители нема кој да ги однесе во игротека или да им купи новогодишен подарок. Децата во игротеката беа придружувани од родител или близок роднина.

VelesodkulaSIBIEN fin

Еден од Деталните урбанистички планови што градот ќе ги добие наскоро е за делот во кој се наоѓаат централниот градскиот парк, стадионот, Младинскиот парк, зградата на поранешниот Офицерски дом и зградата на библиотеката „Гоце Делчев“. 

Поврзани вести

Web banner Duma Sinetta 2019 300x250px 01

Screenshot 2

Најново