Нема повеќе да прокиснува покривот и да тече вода во Спомен Костурницата во Велес. Поставена е соодветна изолација на кровната конструкција и надворешниот дел на споменикот. Целосно е санирана и внатрешноста на објектот а реконструиран е и мозаикот на Петар Мазев. Со четири и пол милиони денари, пари од министертсвото за култура, завршена е реконструкцијата на ова спомен обележје на градот. Увид во завршените работи на Kостурницата денеска направи министерката за клултура Елизабета Канческа Милевска, за едно со директорот на Конзерваторскиот центар Мемет Селманми. Внатрешноста на Костурницата ќе ја красат уште четири скулптури на Станко Павлевски, за чија санација пари ќе издвои министерството за култура.

Интересна приказна се врзува за најрепрезентативното парче накит од изложбата во велешкиот Народен музеј кое  веднаш штом  ќе влезете во приземјето ви го одзема здивот. Тоа е златната дијадема што сосема случајно е откриена на археолошкиот локалитет Градиште во село Згрополци. Кога работата веќе била завршена и кога археолозите почнале да ги затрупуваат гробовите од кои ги откривале предметите и накитот, на виделина излегла дијадемата. Со сета своја раскош и убавина блеснала меѓу ѕидовите. Сега таа е највпечатливиот накит  на изложбата. Со неа жените и девојките уште од праисторискиот период ги украсувале своите глави, отсликувајќи го општествениот статус, положбата и функцијата. Освен накитот, силен впечаток оставаат и ситните праисториски фигуринки и теракотните фигурини од хеленистичкиот период.

За вечните љубовни дилеми и страданија, за љубовта која не прави да постоиме, да живееме, да се радуваме бидејќи од љубов се раѓаме и за љубов умираме пишува во својата прва стихозбирка „Недопрена“ поетесата Гордана Б. Николовска. Таа со вешто и прецизно одбрани зборови ги опева љубовните човечки чувства, посветени им се на вљубените  и ги храбрат одљубените дека на нивниот пат ќе има само добри луѓе подготвени да љубат. Сите стихови во „Недопрена“, меѓу кои првите се посветени на синот, Николовска ги напиша за триесет денови.

Поврзани вести

 

Најново