Преку 24 фотографии, од вкупно 86 снимени пред две години во селата во велешкиот регион, скопскиот фотограф Шашков на љубителите на овој вид уметност во Велес им ја раскажува приказната за напуштените црковни храмови кои се дел од богатото културно наследство во државата. Изложбата е поставена во Ликовниот салон во Велес. На фотографиите на Шашков се овековечени црквите и манастирите кои и покрај видно нарушената состојба сведочат за автентичноста и континуитетот на македонската градителска и зоографска традиција. Тие пленат во просторот во кој се изградени, со своето материјално и духовно богатство.

Неколкумина млади автори од повеќе македонски градови, изминатиот викенд, беа гости на 5 -тата стрип колонија „Рашка 2016“.  Колонијата е традиционална и е организирана од Канцеларијата за млади како и од Клубот на ликовни уметници на општина Рашка. Годинешното учество на македонските стрип автори беше дел од перманентната интернационална соработка на домаќините и Стрип центар на Македонија со седиште во Велес.

Во изведбите на делата на Бах, Бетовен, Шопен, Рахмањинов и Зографски од страна на младиот велешки пијанист ,попладнево, ќе можат да уживаат љубителите на класичната музика во Штип.

Во куќата на Касапови во Велес започна дванаесетата по ред ликовна колонија „Папрадишки мајстори“. На отворањето на оваа реномирана културна манифестациј, која од година во година се повеќе го привлекува вниманието на домашните и странските уметници, присуствуваа поголем број љубители на уметноста од Велес.

Претставата „Дома“ на Младинско драмско студио „Прличко“ од Велес ги воодушеви присутните на меѓународниот фестивал на аматерски театри што викендов се одржа во Требиње, Босна и Херцеговина. Ученичката Сандра Танчева која ја игра улогата на Жана е прогласена за најдобар актер на претставата, Изведбата на младите актери оставила силен впечаток, пофалби и лични видувања кај членовите од жири комисијата.

Излегоа од печат последните броеви од списанието „Стрип креатор“ на Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес. Списанието е продолжение на поранешното „Стрип арт“ и заедно со специјалното издание „Стрип алманах“ е единственото стрип издание кое редовно се издава.

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

banerknigovodstvo

Најново